Насловна / Вести / „Новиот пат на свилата“: автопатот Европа – Западна Кина, делот М-12 Восток во функција

„Новиот пат на свилата“: автопатот Европа – Западна Кина, делот М-12 Восток во функција

Автопатот Западна Европа – Западна Кина почнува во Санкт Петербург, води преку Москва – Нижни Новгород – Казан – Оренбург, потоа преку територијата на Казахстан и Кина до градот Лианјуганг на брегот на Жолтото Море.

Сега постојат два пата од Европа до Кина. Потребни се околу две недели за да се патува со воз, а речиси месец и половина по море преку Суецкиот канал.

Должината на трасата на „Новиот пат на свилата“ е 8.445 километри, а ќе го скрати патувањето со автомобил до 10 дена.

Од вкупната должина на „Новиот пат на свилата“, повеќе од 2.000 километри се на руска територија. Автопатот овозможува патување меѓу осумте најголеми орбласти на Русија – Московската, Самарско-Тољатинската, Нижни Новгородската и Казанската.

 

Меѓународниот мегапроект Европа – Западна Кина се реализира во соработка Русија, Казахстан, Белорусија и Кина. Во Русија веќе е завршена реализацијата на автопатот Москва – Нижни Новгород – Казан. Тоа е федералниот автопат М-12 Восток кој е во изградба меѓу Москва и Тјумен. Источниот автопат е дел од меѓународната транспортна рута Западна Европа – Западна Кина, и е вклучен во Сеопфатниот план за модернизација и проширување на патната инфраструктура (CPMI). Автопатот М-12 минува низ Москва, Владимир, Муром, Арзамас, Казан, Нижнекамск, Екатеринбург, Тјумен.

Изградбата на трасата започна на почетокот на 2021 година. Делницата Москва-Казан е завршена во декември 2023 година, делот до Екатеринбург ќе биде завршен на крајот на 2024 година, а целосно за сообраќај кон Тјумен се планира да се отвори во 2025 година.

Автопатот М-12 Восток е долг 811 километри и има повеќе од четири ленти во двете насоки со разделна лента меѓу нив, така што одговара на прва категорија на автопати, а патувањето од Москва до Казан го скратува од 12 на 6,5 часа. Дозволената брзина е 120 километри на час.

М-12 ги заобиколува сите градови по својата траса. Нема раскрсници по целата должина, а сите вкрстувања со други автопати решени се со клучки на повеќе нивоа.

На новиот пат има повеќе од 60 еко премини за миграција на животни, на секои 50-80 километри бензински пумпи, авто сервиси, мини-хотели и ресторани.

Долж трасата од Москва до Казан ќе има 34 мултифункционални зони од типот „Прво одмори се, па наполни гориво“ од кои шест се веќе отворени. Тоа се рекреативни зони со игралишта за деца и спортски терени, супермаркети, аптеки, соби за мајки и бебиња.

М-12 на својот пат поминува многу реки. Четирите најважни мостови се: кабелски мост преку Ока, мостот преку реката Сура и мостовите на реките Свијага и Волга на територијата на Татарстан.

Последниот мост е најголемиот. Долга е 3362 метри. Вкупната тежина на неговите челични конструкции е 45 илјади тони.

кабелски мост преку реката Ока

Президиумот на Советот за национални проекти во септември 2018 година го одобри планот за развој на националната транспортна инфраструктура, кој го вклучуваше и автопат од Москва до Казан, во јули 2020 година е објавен почетокот на имплементацијата на проектот, а во јануари 2021 година започна изведбата на автопатот М-12 кој е отворен во декември 2023 година.

Главен проектант на автопатот М-12 е руското биро „Стројпроект“.

Испрати коментар

Scroll To Top