Општина Центар – Скопје распиша Конкурс за урбанистичко и идејно архитектонско решение за комплекс градби којшто треба да вклучи административна зграда на локалната самоуправа Општина Центар – Скопје. Комплексот на градби е планиран на ГП 1.23 од Изменување и дополнување на Детален урбанистички план Градска четврт „Дебар маало 1“, Општина Центар – Скопје, донесен од Советот на Општина Центар – Скопје со Одлука број 07-9816/4 од 21.12.2012 година. На предметната локација во моментов се наоѓаат времени објекти – бараки поставени по катастрофалниот земјотрес од 1963 година во коишто е сместена администрацијата на локалната самоуправа Општина Центар – Скопје и подрачните единици на неколку државни институции.
Краен рок за предавање на конкурсните трудови е 27.09.2024 година во 15.00 часот.
ГРАФИЧКИ ДЕЛ:
- Урбанистички проект (ПАНО БРОЈ 1)
– Урбанистичко решение на градежната парцела (со регулациони линии, површини за градење определени со градежни линии, максимални височини за градење на градбите и проектно решение на партерот) (Р=1:500),
– Проектно решение на внатрешниот динамичен и стационарен сообраќај (Р=1:500),
– Проектно решение на зеленилото во рамки на градежната парцела (Р=1:500),
- Идејно решение
– Ситуација со поширок опфат со приказ на петта фасада (Р=1:500) (ПАНО БРОЈ 2)
– Основи на приземје со партер и отворено приземје (Р=1:200) (ПАНО БРОЈ 2),
– Основа на подземни нивоа (Р=1:200) (ПАНО БРОЈ 3),
– Основа на сите катови или карактеристичен кат доколку се повторуваат и петта фасада (Р=1:200) (ПАНО БРОЈ 4, 4А, 4Б,…),
– Најмалку два карактеристични пресеци на секој објект (Р=1:200) (ПАНО БРОЈ 5),
– Изгледи – поединечни и композициски на целиот комплекс (онолку колку што се потребни за целосни прикази на објектите) (Р=1:200) (ПАНО БРОЈ 6),
– Визуелизации – најмалку два прикази од различни точки или агли, и тоа: (ПАНО БРОЈ 6),
– приказ од птичја перспектива со поширокото опкружување,
– приказ од човечка перспектива со поширокото опкружување,
– приказ од човечка перспектива од партер,
– внатрешен приказ (со барем една точка во влезниот хол) и
– други прикази по избор на авторот/авторите,
– За потребите за организирање на изложба потребно е да се приложи едно пано каширан на пена – плоча капалин или бел хамер во Б1 формат (100 х 70,7 см), со вертикална ориентација, со карактеристични содржини по избор на авторот/авторите, кои најдобро и највпечатливо би го прикажале проектот на пошироката јавност (во размер по избор на авторот/авторите, а соодветно на форматот на листот) (ПАНО БРОЈ 7),
- Макета со приказ на концептот преку волумени (Р=1:500).
Целосната документација за конкурсот можете да ја превземете ТУКА.