Со оглед на фактот дека кинеските производители на батерии доминираат со светскиот пазар, а во Европа нивниот пат е „трнлив“, Кина се свртува кон други партнери. Мароко станува нивна нова база за производство на батерии за електрични автомобили. Имено, се чини дека Европа е сеуште неодлучна во која насока ќе с едвижи мобилноста во блиска иднина. Она што е познато е дека динамиката на побарувачката за електрични возила е во пад во последните месеци и дека не се наѕира оптимизам. Од една страна, повисоките тарифи кои на почетокот на јули ЕУ ќе ги воведе за електричните возила увезени од Кина, не изгледаат како најдобра идеја доколку купувачите треба да се мотивираат за возила без емисии. Од друга страна, Европа веќе претходно, на клучни пазари како на пример Германија, се откажа од субвенции за нивното купување. Исто така, многу брендови се откажуваат од своите планови за електрификација, играјќи на картата на хибридните технологии.
Во меѓувреме, европската мрежа на станици за полнење сеуште не е доволно развиена, и не е можно да се воспостави синџир на снабдување кој е доволно моќен да ја намали зависнсота од Кина. Токму овој проблем создава плодно тло за кинеските инвеститори во Мароко. Оваа северноафриканска земја е на пат да стане центар за кинеските производители на батерии, кои оттаму полесно ќе дојдат до Европа. Во прилог ан Мароко одат економската и политичка стабилност, спогодбите за слободна трговија и квалификуваната работна сила, како и добрата инфраструктура. Кинеските компании с евеќе присутни во Мароко, а сега и конкретно се планира изградба на гигафабрика за батерии северно од Рабат.