Насловна / Вести / Германија: Вештачката интелигенција заменува три милиони работни места

Германија: Вештачката интелигенција заменува три милиони работни места

Со брзото воведување на системи со вештачка интелигенција (ВИ) во компаниите, многу вработени во Германија мора да се подготват за сериозни професионални промени.

До 2030 година се очекува да се променат до три милиони работни места во Германија, што е седум отсто од вкупниот број вработени, покажува најновото истражување на глобалниот институт McKinsey – MGI.

Сценариото на експертите на McKinsey претпоставува забрзано воведување на системи за вештачка интелигенција во САД и Европа. Ова може да доведе до автоматизација на речиси една третина од работните часови до 2030 година.

До 2035 година уделот во Европската унија (ЕУ) би можел да порасне на дури 45 отсто. Според проценките, речиси 12 милиони промени на работни места би можеле да бидат неопходни во Европа и во САД до 2030 година.

Во Европа тоа е 6,5 отсто од сегашните работни места. Авторите го гледаат овој тренд како ризик за пазарот на трудот.

Од една страна, висококвалификуваните и натпросечно платените работни места тешко можат да бидат пополнети. Од друга страна, можна е прекумерна понуда на работници во секторот со ниски плати.

Најголеми промени се очекуваат во канцелариското работење и во административните одделенија на фирмите и јавните институции. Повеќе од која било друга промена на работата поради вештачката интелигенција (54 отсто) во Германија е од овој сектор.

Заедно со Италија, Германија е особено погодена бидејќи канцелариските работни места сочинуваат висок удел од вкупата вработеност. Следат службата за корисници и продажба со 17 отсто, а производствените активности со 16 отсто.

Во овие услови експертите од McKinsey очекуваат позитивни економски ефекти. Со забрзано воведување на вештачка интелигенција и ефикасна понатамошна обука на вработените во европското стопанство, годишната стапка на раст на продуктивноста може да се зголеми на три отсто до 2030 година.

Испрати коментар

Scroll To Top