Насловна / Вести / Остануваат уште 11 метри да се поврзат САД и Канада со најдолгиот кабелски мост на континентот

Остануваат уште 11 метри да се поврзат САД и Канада со најдолгиот кабелски мост на континентот

Меѓународниот мост Gordie Howe, проектиран од AECOM, би требало конструктивно да биде завршен на крајот на овој месец. Поврзувајќи ги Виндзор, Канада и Детроит, овој мост се гради од 2018 година, а кога ќе биде завршен ќе биде најдолгиот кабелски мост во САД.

Преостанати се уште 11 метри неизградена мостовска платформа помеѓу американската и канадската страна, при што секоја страна моментално се протега преку реката Детроит.

Растојанието помеѓу двата пилона 853 метри

Планирано е тимовите да ги завршат работите на уште еден сегмент од 15 метри на американската страна пред да ја започнат работа на последниот дел, односно средишниот дел.

„Кога ќе се поврзе, мостовската платформа што го премостува растојанието помеѓу двата пилона ќе биде 853 метри, што го прави мост со најдолг главен распон од кој било висечки мост во светот“. Исто така, Gordie Howe ќе биде најдолгата композитна челична и бетонска мостовска конструкција од кој било висечки мост во светот“, изјавија претставници на АЕКОМ за Dezeen.

Работите на мостот се координираат од страна на канадската корпорација Windsor–Detroit Bridge Authority (WDBA), додека проектот го води AECOM, а мостот е именуван по хокеарот од Детроит Горди Хау. Затоа, затоа не изненадува податокот што пилоните се обликувани да „отсликуваат искривување на хокеарски стап“.

Покрај самиот мост, проектот вклучува и објекти за гранична контрола и за канадската и за американската страна.

Исто така, проектот вклучува и „повеќенаменска патека“ без наплата на такса која ќе оди паралелно сосообраќајниците, со цел да се овозможи непречено движење на пешаците и велосипедистите.

„Интеграцијата на повеќенаменската патека ќе биде од корист за заедниците и патниците на начин што ќе поддржува активен транспорт, здрав начин на живот, подобрување на прекуграничниот туризам, истовремено обезбедувајќи одржливи опции за намалување на јаглеродниот отпечаток од масовниот сообраќај“.

Отворање на есен 2025 година

Се очекува мостот да биде отворен за јавноста во есента 2025 година, но дотогаш им претстои многу работа на градежниците, вклучително и поставување на електрични, противпожарни и дренажни системи, бариери, знаци, осветлување, асфалтирање и ознаки на патиштата.

Овој мост всушност пружа алтернатива во јавна сопственост, бидејќи постои и блискиот мост Амбасадор во приватна сопственост, кој моментално е „најпрометниот меѓународен премин во Северна Америка“.

Испрати коментар

Scroll To Top