Насловна / Вести / За прв пат по една деценија, раст на бројот на луѓе без пристап до струја

За прв пат по една деценија, раст на бројот на луѓе без пристап до струја

Најновиот Извештај за напредокот во областа нa енергетиката на глобално ниво, предупредува на сериозен јаз во пристапот до електрична енергија ширум светот. Извештајот открива дека бројот на луѓе без пристап до електрична енергија бележи раст за прв пат по повеќе од една деценија. Извештајот за напредокот во енергетиката (The Energy Progress Report), заедно го подготвиле Меѓународната агенција за енергетика (IEA), Меѓународната агенција за обновливи извори на енергија (IRENA), Одделението за статистика на Обединетите Нации (UNSD), Светска банка и Светската здравствена органиација (WHO).

Порастот на населението, посебно во субсахарска Африка, допринел за зголемување на бројот на луѓе без пристап до струја. Енергетската криза, растот на долгот во многу земји со ниски приходи и зголемените геополитички тензии дополнително ја влошиле ситуацијата, стои во Извештајот. Иако децентрализираните енергетски решенија, главо базирани на обновливи извори на енергија покажала ветувачки резултати во забрзување на напредокот во руралните области, напорите не се доволни за постигнување на целите на одржлив развој до 2030 година.

 

Испрати коментар

Scroll To Top