Европската инвестициска банка (EIB), бесплатно ќе ја советува бугарската НЕК во подготовките за изградба на две нови пумпно акумулациони хидроелектрани (реверзибилни), „Доспат“ и „Батак“, на двете истоимени брани. За овие активности потпишан е договор. Двете хидроцентрали ќе обезбедат капацитет од околу 800MW и со својот капацитет за складирање ќе го зајакнат снабдувањето на електрична енергија во Бугарија. EIB, ќе го анализира техничкиот и економскиот потенцијал на двата проекти, како и нивните предности и ризици, врз основа на што ќе биде одлучено дали ќе се градат овие објекти.
Државната енергетска компанија има намера за овие проекти да ги искористи постоечките каскадни брани и акумулации на хидроцентралите во југозападна Бугарија, во близина на Батак и Доспат. Инвестицијата с епроценува ан 900 милиони евра за секоја од електраните, а во функција би биле до 2032 година.