Насловна / Архитектура / Во книжарницата „Икона“ две книги на Петер Цумтор за 690 денари

Во книжарницата „Икона“ две книги на Петер Цумтор за 690 денари

Архитектот Питер Цумтор го обликувал својот начин на работа речиси исто толку внимателно како и своите проекти. Веќе 30 години работи во зафрленото село Халдестеин на швајцарските Алпи, далеку од забрзаната интернационална архитектонска сцена. Таму, заедно со својот мал тим, развива архитектура недопрена од помодарството и актуелните трендови. Одбивајќи ги повеќето проекти, тој ги прифаќа само оние за кои ќе почувствува длабока поврзаност, а во текот на изведбата целосно е оддаден, надгледувајќи ја реализацијата до најситните детали.

Швајцарскиот архитект Петер Цумтор (1943) е добитник на Прицкер за 2009 година и добитник на  Златен медал на Кралскиот институт на британските архитекти (РИБА) во 2013 година. Тој работи со голем број на материјали, од ќерамиди до песочно зрнесто стакло. „Кога ќе почнам, мојата прва идеја за зграда е со материјалот. Верувам дека архитектурата е за тоа. Не станува збор за хартија, не се работи за форми. Станува збор за простор и материјал.“

„Кога создавам градба, честопати се наоѓам потонат во стари, полузаборавени спомени, а потоа се обидувам да се сетам каква навистина била запаметената архитектонска ситуација, што ми значела во тоа време и се обидувам да размислам како сега би можела да ми помогне да ја оживеам таа разиграна атмосфера обземена од простото присуство на нештата, во која сè си има свое одредено место и форма. Сепак, во исто време, знам дека сето тоа е ново и различно и дека не е директно поврзано со некое старо архитектонско дело кое би можело да ја разоткрие тајната на чувството предизвикано од спомени“, зборува Цумтор за процесот на создавањето.

Во книжарницата Икона во Скопје во Рамстор Мол или онлајн тука, можете на попуст да купите две негови книги: „Мислејќи архитектура“ – 399 ден. и „Атмосфери“ – 399 ден., или двете книги, во пакет, нешто повеќе од 260 страни за 690 денари.

Испрати коментар

Scroll To Top