Во просториите на Комората на овластени архитекти и овластени инженери – КОАИ ќе се одржи промоција на книга „Лексикон на странски сликари во Македонија во периодот 1850-1950 година“ и изложба на слики, дел од приватната колекција на Влатко Милошевски. Настанот ќе се одржи во среда на 19 јуни 2024 година со почеток во 18 часот.
За Влатко Милошевски кој фасцинира со своето необично хоби, по вокација инженер по електротехника и компјутерски науки, а во слободно време колекционер и пасиониран трагач по заборавени уметнички бисери инспирирани од Македонија, пишувавме минатата година во Порта 3 за што можете да прочитате тука.