Владата на Италија донела Уредба со која се забранува поставување на соларни панели на земјоделско земјиште. Според зборовите на премиерката Џорџа Мелони, соларните панели се закана за производството на храна. Заговорниците на енергија од обновливи извори, не се согласни со одлуката на Владата и сметаат дека тоа ќе ја спречи Италија да ги достигне зацртаните цели во областа на соларната енергија. Од друга страна, влијателното агробизнис лоби гја поддржува забраната.
Според нивните зборови, Владата мора да инвестира во квалитетни системи за наводнување, наместо да им дозволува на приватни инвеститори да ги користат сушните земјишта за соларни паркови. Според новата Уредеба, соларните панели е можно да се постават само на висока метална конструкција (над 2,1 метар), со цел под панелот да се овозможи обработување на земјиштето. Уредбата треба да се усвои и во парламентот, по што ќе стапи на сила.