На само неколку дена пред почетокот на Европското фудбалско првенство, медиумите ја претставуваат топката со која ќе се игра овој важен спортски настан. Гигантот Adidas специјално за настанот ја дизајнираше топката под назив Fussball Liebe. Станува збор за „најпаметната“ топка досега, која ја вклучува технологијата на Adidas Connected Ball. Таа овозможува испраќање на најпрецизни податоци на VAR судиите во реално време.
Целта е да се намали времето на чекање и да се поттикне побрзо донесување на одлуки кај судиите, благодарение на стотиците чипови кои се наоѓаат во неа. На топката се знамињата на сите земји учесници. Топката е изработена од рециклиран полиестер и бои на база на вода, со користење на биолошки материјали како што се шеќерна трска, пченкарни влакна и дрвена пулпа, што ја прави најодржлива топка која досега е произведена.