Новата технологија нуди стаклени површини кои не само што овозможуваат повеќе светлина, туку истовремено се поефикасни во однос на ладеењето на просторот, и самите се чистат. Овој иновативен метаматаријал (PMMM), претставува тенок филм кој може да се постави на обични стаклени површини. Специфичните особини на материјалот потекнуваат од микроскопската структура на неговата површина во која се врежани пирамидални сегменти широки само 10 микрони. Овие мини пирамиди рефлектираат 75% од светлината, давајќи му на материјалот мат изглед без отсјај. Иако делува непроѕирно, тоа е потранспарентно од обичното стакло со 95% пропуштање на светлината, за разлика од вообичаените 91% кај повеќето стакла.
Најимпресивната особина на PMMM материјалот е неговата способност да ја рефлектира топлината. Феноменот познат како радијативно ладење, го користи фактот дека Земјината атмосфера е транспарентна за инфрацрвените бранови должини. Со тестирање е утврдено дека благодарение на овој материјал, просториите се поладни за 6°C. Истражувањето е објавено во часописот Nature Communications.