Официјални лица од израелското Министерство за култура дадоа изјава за израелскиот весник Haaretz во која потврдија дека нивната земја нема да учествува на Архитектонското биенале во Венеција 2025 година „за да го реновираат својот павилјон“.
Според весникот, алтернативна локација нема да се користи поради „буџетските ограничувања наметнати од војната“ и затоа што Министерството за култура „предоцна почнало да бара локација“, пишува Dezeen.
Прв голем светски настан на кој Израел нема да учествува
Оваа одлука е донесена среде неодамнешната широка меѓународна осуда на израелската војна во Газа. Да потсетиме, глобалната осуда беше предизвикана откако милитантите на Хамас убија 1.200 луѓе и зедоа 250 заложници во нападот врз Израел на 7. октомври 2023 година, по што најмалку 36.000 Палестинци, вклучително и 15.000 деца, беа убиени од израелските сили во следните осум месеци.
Ова е првиот голем меѓународен настан на кој Израел одлучи да не учествува откако го започна нападот врз Газа.
Израелскиот павилјон затворен на Архитектонското биенале
Кампањата која ја потпишаа повеќе од 23.000 креативци повика на укинување на израелската изложба, која е сместена во истиот павилјон каде оваа земја вообичаено изложува на ова Архитектонско биенале.
Уметницата Ruth Patir, која беше кустос на павилјонот, тогаш најави дека уметниците и кураторите нема да ја отворат инсталацијата додека „не се постигне договор за прекин на огнот и ослободување на заложниците“.
Израел има постојан павилјон во Џардини во Венеција, кој е проектиран од архитектот Zeev Rechtera и отворен во 1952 година. Со одлуката да не учествува на следното Биенале, Израел се приклучува на Русија, која исто така има и постојан павилјон во Џардини, но во тој простор не изложува од 2022 година, поточно од специјалната воена операција во Украина.
Палестински павилјон?
Со оглед на тоа што Палестина не е призната од Италија, таа нема постојан павилјон на Биеналето, иако во 2002 година уметничкиот директор на 50. Венециско биенале, Francesco Bonami, предложи правење постојан палестински павилјон на оваа меѓународна манифестација.
„Ја видов Венеција како платформа каде не само што може да се отвори дискусијата за Палестина, туку и да се види што би можело да произлезе од таков предлог“, изјави Bonami за Economist во 2009 година.
Сепак, овој предлог е одбиен со оглед на тоа што Биеналето е финансирано од страна на државата.