Насловна / Вести / Рециклирање на цементот – чекор кон намалување на глобалните емисии на јаглерод

Рециклирање на цементот – чекор кон намалување на глобалните емисии на јаглерод

Научниците од Универзитетот Кембриџ, осмислиле иновативна постапка за производство на бетон со многу ниски емисии на јаглерод, што би можело да биде клучно во борбата против климатските промени. Тимот ја користел технологијата која ја применуваат електролачните печки во рециклажата на челик, со цел истовремено да се рециклира цемент, кој е главната компомента на бетонот.

Ова истражување покажало дека цементот е одлична замена за традиционално користените материјали во рециклажата на челикот. Доколку се примени цемент, како конечен производ ќе се добие рециклиран цемент кој понатаму повторно може да се користи за добивање на бетон. Труд за ова истражување е објавен во списанието Nature. Со тестирањето на Институтот за обработка на материјали, утврдено е дека рецилираниот цемент може да се произведува во големи количини во металуршките печки. На ово начин потенцијално може да се добие цемент со нулта емисија, доколку печките работат на енергија од обновливи извори.

 

Испрати коментар

Scroll To Top