Насловна / Вести / Леталото Starship на Илон Маск, успешно се врати на Земјата

Леталото Starship на Илон Маск, успешно се врати на Земјата

Ракетата Starship на компанијата SpaceX, повторно се врати на Земјата односно успешно се спушти во Индискиот океан, како што беше и планирано во текот на својата четврта по ред тест мисија по лансирањето од Тексас. Двостепеното летало, кое во текот на последниот обид во март се распадна, сега го „преживеа“ враќањето во Земјината атмосфера. И минатогодишните два тестни лета завршија со експлозии. Во меѓувреме, направени се низа подобрувања и промени на ракетата. 

Моментално најголемата и најмоќната ракета на светот, висока 121 метар, била празна додека летала над Мексиканскиот залив и се движела кон исток. Starship е проектиран да биде повеќекратно употреблив. NASA има нарачано неколку вакви ракети за две планирани мисии на спуштање на стронаути на Месечината, планирани за подоцна во текот на оваа деценија.  Компанијата SpaceX веќе продава и туристички летови околу Месечината.

Screenshot

Испрати коментар

Scroll To Top