Покривот е еден од најважните елементи на куќата. Тој е штитот што стои меѓу вашиот дом и сите надворешни услови, невремиња и природни катастрофи. Кога станува збор за покрив, фокусот секогаш е на ќерамидите.
Во Македонија преовладуваат три типови клима: умерено континентална, медитеранска и планинска. Планинската и медитеранската клима си имаат свои предизвици, меѓутоа континенталната, во нејзината умерена форма, е клима со значителни годишни разлики во температурата. Летата се топли или врели, а зимите се одликуваат со негативни температури. Затоа, кога ние зборуваме за покрив, нашиот фокус секогаш е на природните ќерамиди Tondach. Tondach ви нуди бескрајна палета на можности.
Tondach ќерамиди
Ќерамидите од печена глина имаат долг животен век поради отпорноста на различни надворешни фактори. Природните ќерамиди направени од глина се обработени на високи температури, што ги прави издржливи и на екстремно високи, но и на екстремно ниски температури. Заедно со добрата изолациска фолија, покривот од глинени ќерамиди е долговечен и максимално отпорен.
Ќерамидите имаат голема отпорност на кршење при виткање, што му дава сигурност на покривот – по него може да се оди при поставувањето или доколку се јави потреба за некаква поправка.
Глината како природна суровина за овој производ, претставува здрав градежен материјал кој не ја загадува околината и кој може одново да се употребува и да се рециклира. Ископувањето на глината се врши од одржливи и контролирани ресурси, така што задолжителното еколошко градење не е нарушено.
Континентална линија на ќерамиди
За заштита на домовите во подрачја со клима како во Македонија, „Винербергер“ ја има својата палета на континентален тип ќерамиди, специјално дизајнирани за да дадат отпор на јакото сонце, силните дождови, ветровите и снеговите.
Запознајте ги нашите три видови „континенталки“:
CONTITON 12
За потребите на домовите градени на нашето македонско поднебје, ние ја создадовме ќерамидата Contiton 12 – „2 во 1“ ќерамида за најдобар покрив.
1. Македонска ќерамида
Нова генерација на ќерамида што се произведува од домашна глина, во фабрика на Винербергер во Виница. Таа е целосно природна и се одликува со ненадминлива прецизност на формата и мазна површина. Има странично задебелување и изразено рамно вдлабнување. Оваа ќерамида е една од најбезбедните, најефикасните и најубавите покривни материјали на нашите простори.
Contiton 12 се идеални и за реновирање на покрив, бидејќи оптимално можат да се вклопат на старите летви.
2. Премиум квалитет
Contiton 12 е направена со прецизна обработка. Благодарение на врвна технологија, ќерамидата е енгобирана, односно испечена со заштитна енгоба на над 1.000 степени. Со тоа се намалува впивањето на водата, се зголемува отпорноста на временските неприлики и се обезбедува докажана издржливост.
CONTITON 9
Се користи за покриви со различни косини. Благодарение на двојните фалцови со голема длабочина, оваа ќерамида овозможува уште подобро дихтување со што се отстранува опасноста од продирање на дожд, ветер и снег.
TRADITION 12
Оваа ќерамида се одликува со две паралелни, хоризонтални вдлабнатини кои на покривот му даваат живописна структура. Идеална е за класични семејни куќи, но и за големи станбени објекти.
Глинените ќерамиди се ненадминливо супериорни во однос на сите останати видови покриви на нашите простори. Тие се одлични звучни изолатори, го намалуваат влијанието на бучавата и создаваат пријатно опкружување.
Ем квалитетни, ем македонски, тие се вистински избор за секој нов покрив во нашата земја, кој ќе претставува петта фасада и прва одбранбена линија на објектот при секакви временски услови.
Комерцијален текст