Јапонските производители на автомобили Toyota Motor и Mazda во понеделникот ги запреле испораките на некои модели поради фалсификувани податоци во безбедносните сертификати. Имено, компаниите доставиле неточни или погрешни податоци за сигурносните тестови на моторите. Неправилности се откриени и во извештаите на Hondа, „Suzuki и Yamaha Motors. Toyota известила дека ги прекршила прописите во шест постапки на тестирање во 2014, 2015 и 2020 година. Спорните тестови ги доведуваат во прашање сертификатите за Corolla Fielder, Corolla Axio и Yaris Cross. Во Toyota признаваат дека ја мереле штетата од сударот само на едната страна од поклопецот на моторот, додавајќи дека сеуште гои проверуваат податоците за потрошувачка на гориво и емисиите, истакнувајќи дека извештајот ќе биде завршен до крајот на јуни. Honda објавила дека утврдила неправилности при тестирањето на бучавата и моќноста во период од над осум години, заклучно со октомври 2017, кај дваесетина модели кои веќе не се произведуваат.