ААМ ги известува членовите дека процедурата за измени на Статутот на Асоцијацијата на архитекти на Македонија е завршена и со тоа се исполнуваат сите услови да се распишат избори за Претседател на Управен одбор на ААМ.
Мандатот на Претседателот на Собрание не е истечен, но на овие избори ќе се гласа и за нов Претседател, а неговата функција ќе стане важечка во октомври, откако ќе истече мандатот на сегашниот Претседател и ќе заврши изборот на нов Претседател на Управниот одбор.
Ги повикувам сите колеги кои сакаат да се кандидираат за Претседател на Управен одбор и Претседател на Собрание на ААМ во наредните две недели (до 17.06.2024) да достават до ААМ на e-mail: [email protected], кратка биографија, кратко мотивациско писмо со кратка програма за работата на АAM.
Секој кој ќе се кандидира за Претседател на Управен одбор треба да приложи и листа со предлог на членови за Управниот одбор (четири члена).