Starliner и порано имаше низа проблеми, а првиот е забележан уште во 2019 година, кога компанијата пријавила одредени проблеми со софтверот, што ја примора мисијата да го прекине патувањето пред капсулата да се спои со вселенската станица. Датумот за вториот обид за лансирање неколку пати е пролонгиран, а потоа е соопштено дека капсулата има проблем со вентилот за гориво.
NASA ги стартуваше комерцијалните програми со компаниите SpaceX и Boeing уште во 2014 година, при што за изработка на леталото SpaceX тогаш добил 2,6 милијарди долари додека Boeing добил 4,2 милијарди долари за проектот. За разлика од Boeing чија реализација на проектот е сеуште во почетна фаза, SpaceX успешно ја заврши својата програма Dragon уште во 2020 година.