Насловна / Вести / Американски милијардер планира да се спушти до остатоците на „Титаник“

Американски милијардер планира да се спушти до остатоците на „Титаник“

Американскиот милијардер Larry Connor (74), кој своето богатство го стекнал со недвижности, соопштил дека планира подводно патување до местото на остатоците од „Титаник“, каде што подморницата „Титан“ пред една година трагично ја заврши својата експедиција. Connor е уверен дека до длабочината од 3.800 метри, каде се наоѓаат остатоците од бродот, може успешно да се стигне со соодветна технологија. Бизнисменот додал дека на овој свој проект работи со компанијата Triton Submarines, која гради подморници за истражување на морињата на различни длабочини. Подморницата наменета за оваа експедиција сеуште е во фаза на проектирање. Портпаролот на компанијата на Connor, прецизирал дека мисијата ќе биде реализирана дури откако подморницата биде испитана и сертифицирана од страна на надлежна поморска организација.

„Титан“ со кој управуваше приватната американска компанија OceanGate, имплодираше во меѓународните води во северниот дел на Атланскиот океан, недалеку од остатоците на „Титаник“, на 18-ти јуни 2023 година, шри што загинаа сите петмина патници.

 

Испрати коментар

Scroll To Top