На федералните регулатори Boeing им го претстави планот за решавање на проблемите со безбедноста и квалитетот, кои го мачеа производството на овој гигант во последните години. Имено, федералната управа за авијација (FAA), барала од компанијата да изработи план за трансформација на своето работење, откако во текот на летот во јануари, од еден од авионите отпадна плоча од оплатата на трупот. На крајот на февруари, администраторот на FAA Mike Whitaker, му дал на Boeing рок од 90 дена за подготовка на план за подобрување на квалитетот и решавање на безбедносните ризици.
На споменатиот лет во јануари, на релативно новиот Boeing 737 Max 9,, истражителите утврдиле дека недостасувале заковки пред да отпадни плочата, што дополнително ја нарушило репутацијата на Boeing и покренати се серија граѓански и крвични предмети. FAA го ограничи производството на авионот 737 Max, се додека не се потврди дека ризиците се отстранети. Но освен со овој свој модел, Boeing имаше неуспеси и со другите свои програми. Станува збор за недостатоците во производството на поголемиот авион 787 Dreamliner, неуспехот на вселенската капсула Starliner и сл. Официланите лица на Boeing ветиле дека ќа ја вратат довербата на регулаторите и јавноста. Boeing заостанува зад својот европски ривал Airbus, a застоите во производството ја загрозуваат и ликвидноста нa компанијата.