Друштвото на архитекти Сплит ги објави резултатите од конкурсот за идејно урбанистичко-архитектонско решение на затворениот базен и сала со надворешни игралишта во рамките на спортско-рекреативниот центар Брда во Сплит.
Целта на конкурсот беше да се најде висококвалитетно обликовно, функционално и економично решение за комплекс кој вклучува затворен базен, сала, терени на отворено, јавни објекти и затворен паркинг, а кој хармонично би се вклопил во населбата Брда. Идниот комплекс ќе ги опслужува спортско-едукативните, рекреативните и рехабилитационите потреби на големиот број жители, особено на оние од источниот дел на градот, пишува Визкултура.
Еве како гласаше жирито во состав: Самуел Мартин, Владимир Крстуловиќ, Мате Жаја, Антонио Кузманиќ и Томислав Ловриќ.
Прва награда
Првата награда во нето износ од 31.000 евра ја добија архитектите Марко Гусиќ, Филип Иваничек, Матија Брнетиќ.
Втора награда
Втората награда во нето износ од 18.600 евра отиде во рацете на авторот: Миховил Стојановиќ.
Трета награда
Третата награда во нето износ од 12.400 евра им припадна на авторите: Игор Франиќ и Иван Франиќ.
650.000 евра за проектот
Интересно е што покрај прилично големиот награден фонд за конкурсот, и буџетот за проектирање е мошне издашен.
Како што се наведува во тендерската документација, проценетата вредност на набавката на натамошната проектна документација (идеен, главен, изведбен проект, предмери и проектантски надзор за изградба на затворениот базен и сала со надворешн иигралишта) изнесува 650.000 евра без вклучен ДДВ.