Разговараме со Крсте Неделковски сопственик на групацијата BV Business Group
Секоја индустрија, без разлика на нејзината природа влијае во развојот на економијата и на општеството како целина. Градежништвото е битна алка која креира можност за иновации, економска стабилност и раст.
Разговараме со Крсте Неделковски сопственик на групацијата BV Business Group.
Во овој краток разговор, ќе се осврнеме на градежништвото како индустрија, прогнозите и проекциите за претојниот период како и за целите и насоките предвидени за групацијата BV Business Group.
Екстремно тешка година, со постојана флуктација на пазарни производствени цени на сите материјали кои се употребуваат во градежништвото. Како голем проблем кој се провлекува и оваа година е проблемот со работна сила и недоволен број на инвеститори.
Какви очекувања имате за градежништвото во текот на оваа година?
Она што се очекува оваа година е стабилизација на пазарот. Стабилизацијата на цени е она што ќе го стабилизира пазарот на недвижнини, односно станбен простор по квадратен метар.
Вашите прогнози за индустријата?
Личните очекувања кои во голема мерка се совпаѓаат со очекувањата на приватниот сектор во државата се стабилизација во секоја смислна (производство,продажба и наплата).
Можете ли да споделите некои од најголемите успеси на BV Business Group во 2023 година?
BV Business Group е групација од повеќе компании која своето работење го започна со основањето на БВ ИНЖЕНЕРИНГ ДООЕЛ на 1. јуни 2002. година. Со текот на работењето се основаа и останатите компании кои се дел од BV Business Group.
BV Business Group има важна улога во социо – економскиот развој на државата бидејќи придонесува во областа на градежништвото, инвестициите, производствот и трговијата преку нејзината мрежа од над 12 компании, кој број се згоемува секоја година. Нашата групација во 2023 година изведе голем број на инфраструктурни објекти за Светска банка, Министерство за транспорт и врски како и голем број на проекти кои се од особено значајни за општините во јужниот дел на РСМ кои се јавуваат како инвеститори на истите. Посебно сме горди на изградба на 80 станбени единици и започнување со градба на нови 300 станбени едници. Она што ја одбележа 2023 година, за нашата групација беше инвестирањето во опрема и тоа за асфалтна база со производство од 240 тони на час и бетонска база со производство на 120 метри кубни на час. Со самото зголемување на производството, бројот на проекти кои ги работи нашата групација како и инвестирањето во опрема која ќе го зголеми нашето прозиводство придонесе за зголемување на бројот на вработени кој од месец во месец постојано расте.
Кои се Вашите најголеми цели и проекти за градежништвото во текот на 2024 година? Дали планирате да го проширите Вашето работење?
Целите на секоја брзо растечка компанија, па така и нашата претставува згоемување на производството на станбени објекти, набавка на механизација која ќе ја олени изведбата на клучни инфраструктурни објекти. За оставрување на поставените цели потребно е и зголемување на бројот на вработени, но секако и постојано усовршување на веќе постоечките вработени, бидејќи со што се гордее секоја компанија се човечките ресурси без кои неможе да ги постигне целите на работењето. Уште еден од битните проекти кој се надеваме дека ќе го реализираме во текот на 2024 е пуштање во употреба на веќе набавените асфалтна и бетонска база.
Кои се најважните иновации или технологии што планирате да ги имплементирате и да ги користите во текот на оваа година?
Иновациите и новите технологии се она што ја отсликуваат нашата групација во целост. Тоа што ние го имплементираме во нашето работење се новите технологии за асфалтирање, набавка на нов финишер, машина за набавивање која се користи при изведба на фотоволтаични централи. Исто така продолжуваме со надоградба на на смарт системите во станбените објекти кои ние ги градиме. Примарна цел останува изведба на квалитетна градба и придржување до роковите. Тоа што нас не прави успешна групација е постојаното вложување во нашите вработени преку разни обуки, присуства на конференции и слично како и надоградба на тимскиот дух. И за крај секако, проширување на делувањето на нашата групација на територијата на цела држава.
Разговорот го водеше : Н.С.
Фотографија : Борче Нечовски