Франција ги објави победниците на аукцијата за повластена тарифа за инсталирање на пловечки ветерни турбини со моќност од 250MW во јужнна Бретања, што е прва светска комерцијална аукција за пловечки ветерни паркови. Електраната не само што ќе биде најголемата пловечка постројка која ја користи енергијата од ветерот, туку ќе значи и повеќе од двојно зголемување на моменталниот капацитет од оваа технологија во Европа. Имено, досега во Европа се изградени само мали пилот и демонстрациони проекти, па затоа оваа аукција е голем чекор кон комерцијализација на оваа технологија. Повластените тарифи се доделени на козорциумот BayWa re и Elicio. ПОнудите се доставени од страна на десет различни конзорциуми, а победничката понуда била 86€/MWh. Оваа технологија има голем потенцијал за развој во голем дел од Атлантикот, Келтското море, Средоземното море, Норвешкото море и другите басени со поголеми длабочини.