Почина архитект Миодраг Митровиќ добитник на наградата на Асоцијацијата на архитекти на Македонија – ААМ за животно дело „Андреја Дамјанов“ за 2019 година.
Миодраг Митровиќ е роден во 1948 година во Вршац, Србија. Во Скопје започнува со основно образование кое го завршува во Сараево, каде продолжува и со гимназиското образование, а матурира во гимназијата „Орце Николов“ во Скопје. Под менторство на проф. Борис Чипан диломирал на Архитектонскиот факултет Скопје во 1973 година.
По дипломирањето работи во ГП Пелагонија, а по две години преминува во Пелагонијапроект. Во 1980 година се вработува во проектантското биро Мавровопроект. Во овие големи проектантски организации како дел од голем тим работи на проектирање и реализација на многу објекти во Македонија, Русија и Либија.
Во 1995 година основа сопствено проектантско биро „Метрика“.
Позначајни проекти и изведени објекти:
- 2013-15 – Клиничка болница Штип (со Љ. Митровиќ и Г. Митровиќ)
- 2011 – станбен објект на ул. „Каирска“, Скопје (со Љ. Митровиќ и Г. Митровиќ)
- 2007 – куќа на Темко Попов, Маџари, Скопје (со Љ. Митровиќ и Г. Митровиќ)
- 2006 – куќа на семејство Зањанин/Јавари, Пржино, скопје (со Љ. Митровиќ и Г. Митровиќ)
- 2005 – болница за дневна грижа за зависници, Скопје
- 2001 – куќа на семејство Миљовски, Скопје (со Љ. Митровиќ и Г. Митровиќ)
- 1998 – енетериер за ресторан Кај Џино, Скопје (со Љ. Митровиќ)
- 1994 – туристички комплекс, Радуга, Сочи, Русија (со Ц. Филипова и Е. Дурлевиќ)
- 1992 – станбен комплекс со 280 стана, Блиново, Сочи, Русија
- 1992 – урбанистички проект за градски кварт, 15.000 жители, Викса, Русија
- 1988 – санаториум – комплекс, Морские Дали, адлер, СССР (со Ц. Самоникова, Л. Дубровска и О. Челебиева)
- 1985 – станбена зграда, Анаба, Алжир (со Ж. Голдштајн и Д. Костиќ)
- 1983-88 – туристички комплекс Запољарије, Сочи, Русија (со Р. Раѓеновиќ и Д. Костиќ)
- 1982-87 – станбени кули, Три бисери, Аеродром, Скопје
- 1981-85 – Еуротел, Струга (со р. Раѓеновиќ и Р. Христов)
- 1978-80 – ФЕНИ, Кавадарци (со С. Здравков, Л. Шумковска, Р. Јовановиќ и Л. Станчева)
- 1974 – куќа на море за семејство Вуковиќ, Котор, Црна Гора
туристички комплекс Запољарије, Сочи, Русија
Учествувал на многу архитектонски конкурси на кои е и наградуван:
- 2008 – македонски конкурс, Основно училиште Д.Х. Димов, Влае Скопје – втора награда
- 2007 – меѓународен конкурс, идејно решение за Македонска филхармонија – откуп
- 2001 – македонски конкурс за социјални станови – откуп
- 2001 – македонски конкурс за станбен објект Б9, Лихнида, Г. Петров, Скопје – прва награда
- 1985 – конкурс за реадаптација на Кермес, Скопје – втора награда
- 1981 – македонски конкурс за домувањ, 780 стана, Ново Лисиче, Скопје (со Д. Костиќ и з. Рафаиловски) – орва награда
- 1978 – југословенски конкурс, куќи за одмор, Белград биро (со Љ. Митровиќ и Р. Стојчевска) – откуп
- 1977 – југословенски конкурс за Градска куќа, Скопје (со Р. Раѓеновиќ, В. Пота и Ј. Мицајкова) – откуп
- 1972 – југословенски конкурс за станбено – деловен блок Зајечар – втора награда
станбени кули, Три бисери, Аеродром, Скопје
Награди и признанија:
- добитник на наградата на Асоцијацијата на архитекти на Македонија – ААМ за животно дело „Андреја Дамјанов“ за 2019 година
- 2014 – БИМАС најдобар проект за Клиничка болница во Штип.
- 2001 – Повелба Љубен Најденов за исклучителни резултати во теоријата и праксата кои ја слават македонската архитектура
- 1996 – Признание од Друштвото на архитекти на Битола и Мал битолски Монмартр за посебна архитектонска креативност и достигнувања
- 1995 – Голема награда на САМ за Вила Марио, Скопје
- 1995 – награда „Куќа која сонува3 на МРТВ за Вила Марио
- 1989 – БИМАС, Специјална награда за туристички комплекс Адлер, Сочи, Руција
- 1985 – БИМАС, Диплома за туристички комплекс Запољарије, Сочи, Русија
- 1985 – БИМАС, Диплома за проектот Кермес, Скопје
- 1981 – БИМАС, Диплома за проектот ФЕНИ, Кавадарци
Клиничка болница во Штип