Насловна / Вести / Со историски мерки, Кина сака да го стабилизира секторот за недвижности

Со историски мерки, Кина сака да го стабилизира секторот за недвижности

Кина најаваува „историски“ мерки со цел стабилизирање на секторот на недвижности, при што централната банка ќе овозможи дополнително финансирање од 138 милијарди долари и поблаги правила за хопотекарните кредити, а локалните власти ќе купат дел од становите. Инвеститорите посакуваа мерки на поодлучна државна интервенција, со цел да се компензира се помалата побарувачка и за нови и за стари станови, да се сопре падот на цените и да се намали се поголемиот број на непродадени станови.

Аналитичарите веќе подолг период ја повикуваат владата да го поддржи овој сектор, кој во својот зенит сочинувал една петтина од БДП, на начин што и самата ќе купува недвижности. Падот на пазарот на недвижности во втората економија на светот започнал во 2021 година, а многу градежни компании завршиле во стечај, истовремено поткопуваќји на довербата на граѓаните во овој децениски омилен модел на штедење – купување недвижности.

 

Испрати коментар

Scroll To Top