Дизајнот на овој нордиски ентериер е конципиран на начин да соодветствува, како и да ја персонифицира историјата на самиот објект, изграден во 1929 година во Данска.
Со цел да се постигне пријатна и ладна експресија при ентериерното уредување, подната обработка е изведена од лиен бетон и е обоена со епоксид. Приземјето се одликува со спацијална и отворена основа, каде како единствена цврста бариера се појавува ѕидната преграда помеѓу кујната и дневниот престој, изведена од грубо обработена тула. Визуелната поврзаност помеѓу функционалните содржини е обезбедена преку застаклени површини кои ненаметливо ја диференцираат внатрешноста и истовремено обезбедуваат непречено природно осветлување во секој сегмент.
При уредувањето на ентериерот, употребени се дизајнерски скандинавски мебел и опрема, рециклирани материјали со одмерена организација, при што доминираат дрвото, металот и белата боја, оплеменувајќи ја внатрешноста и создавајќи топла, минималистичка средина за живеење.