Насловна / Арт и дизајн / „Попај“ на Џеф Кунс продаден за 28 милиони долари

„Попај“ на Џеф Кунс продаден за 28 милиони долари

popaj na kuns

На голема аукција на современата уметност, која пред неколку дена во организација на аукциската куќа „Сотеби“, на понуда се нашла и скулптурата „Попај“, дело на познатиот современ уметник Џеф Кунс. Првата проценка на експертите била дека делото ќе достигне цена од 25 милиони долари, но овој светски познат лик од цртаните филмови висок речиси два метри постигна цена од 28 милиони долари, а заврши во рацете на хотелски магнат и сопственик на казино Steve Wynn. Скулптурата е настаната во период од две години, односно од 2009 до 2011 година, и е направена од неʼрѓосувачки челик и стаклени мозаици. Директорот на „Сотеби“ изјави дека „Попај“ ќе биде сместен во еден од хотелите на Wynn.

Испрати коментар

Scroll To Top