Насловна / Вести / 169.900 евра за реткиот модел BMW M4 DTM Champion Edition

169.900 евра за реткиот модел BMW M4 DTM Champion Edition

BMW M4 DTM Champion Edition е  еден од ретките примероци на овој модел кој е понуден на продажба во Германија по цена од 169.900 евра. Моделот е произведен во чест на победата на DTM, од страна на јужноафриканскиот возач Shelden van der Linde во 2022 година, кој возел M4 во комбинација на црвена, жолта и бела боја. Тие бои ја претставуваат компанијата Shell, која била спонзор на тимот. Schubert Motorsport нарачал девет примероци на моделот M4 со истата шема на бои, а токму еден од нив сега бара нов сопственик.

Станува збор за навситина посебен модел. Поголемиот дел од каросеријата е во црвена боја, а од страната на совозачот е жолта. На предната страна се белите детали со бројот 31. Ентериерот вклучува детали во силна црвена боја, а малата плочка сместена на централната конзола ја содржи кјонфигурацијата на патеката Nurburgring.

Испрати коментар

Scroll To Top