Насловна / Вести / Реализиран првиот трансатлански лет со 100% одржливо гориво

Реализиран првиот трансатлански лет со 100% одржливо гориво

Авионот на Virgin Atlantic, го реализираше првиот трансатлански лет со користење исклучиво на одржливо гориво, при што е направена заштеда од 95 тони јаглерод диоксид. Компанијата тврди дека одржливото авионско гориво (SAF) е безбедно за користење со постоечката инфраструктура и доведува до значителни емисии на CO2. На авионските мотори не се правени никакви модификации, како ни на системот за гориво, а летот е извршен според безбедносните стандарди за комерцијални летови.

Авионот Boeing 787 со Rolls-Royce Trent 1000 мотори, полетал од аеродромот Heathrow во Лондон, а летот популарно напечен Flight 100, завршил на аеродромот JFK во Њујорк. Резултатите од параметрите на овој лет се објавени неодамна и откриваат дека користењето на SAF овозможило намалување и на емисиите на други честички за 40%. Подобрени се и перформансите во однос на енергетската ефикасност.

 

Испрати коментар

Scroll To Top