Насловна / Архитектура / Регионална средба на овластени архитекти и овластени инженери во Прилеп

Регионална средба на овластени архитекти и овластени инженери во Прилеп

Комората на овластени архитекти и овластени инженери – КОАИ ги известува своите членови дека на 11 мај (сабота) во Прилеп ќе се одржи регионална средба на архитекти и инженери.

Регионалната средба е дел од планираните активности на КОАИ со цел приближување до членството и презентирање на донесените акти Тарифникот за Урбанистичко планирање и Ценовникот за висината на минималиот надомест на инженерски услуги на овластените архитекти и овластените инженери од областа на високоградбата.

По презентацијата на Нацрт Правилник ПМЗПЕ-1-001: 2022 на 12.04 2024 година во Скопје иницирано е одржување на регионална презентација на 11.05.2024 година во Прилеп. Во Прилеп кога ќе биде организирана презентација на сработениот Нацрт Правилник ПМЗПЕ-1-001: 2022 Правилник за мерките за заштита од пожар и експлозии, кој беше изработен врз основа на одлуката со архивски бр.02-867/3, донесена на ден 24.09.2021 од страна на Управниот Одбор на Комората на овластени архитекти и овластени инженери, а на кој правилник работеше работна група од 11 членови (претставници на различни одделенија), ќе се одржи и работилницата за Тарифникот и Ценовникот, со презентација на Упатството за пресметка на инженерските услуги согласно Ценовник за висината на минималиот надомест на инженерски услуги на овластените архитекти и овластените инженери од областа на високоградбата.

Агенда

9.30  –  10.00 Пристигнување и регистрација

10.00 – 10.15 Поздравно обраќање на претставници на Комората

10.15 – 11.45 Презентација на Нацрт Правилник ПМЗПЕ-1-001:2022 правилник за мерките за заштита од пожар и експлозии

11.45 – 12.15 Дискусија и прашања

12.15 – 12.45 Кафе пауза

12.45 – 13.30 Упатство за пресметка на инженерските услуги согласно Ценовник за висината на минималиот надомест на инженерски услуги на овластените архитекти и овластените инженери од областа на високоградбата

13.30 – 14.30 Дискусија и прашања

14.30 – 15.30 Пригодна закуска и неформално дружење

Информации за настанот:

Дата и час: 11 мај (сабота) 2024 година, во 09.30 часот

Место на настанот: Сала за седници на Општина Прилеп

Број на слободни места: 100

ВАЖНО: Регистрацијата се врши преку веб страната на комората на линкот > РЕГИСТРАЦИЈА

Испрати коментар

Scroll To Top