Шведските истражувачи од Технолошкиот универзитет Chalmers (CTH) и од Унивезитетот во Гетеборг, развиле AI метод кој ја подобрува дентификацијата на токсични хемикалии базиран исклучиво на познавањето на нивната молекуларна структура. Примената на вештачката интелигенција е брза и многу исплатлива, велат истражувачите. Таа може да ја определи токсичноста во рана фаза на развојот на хемикалиите и со тоа да го намали бројот на тестирања врз животните, тврдат авторите на студијата. „Нашиот метод е во состојба да предвиди дали определената супстанца е токсична или не, врз основа на нејзината хемиска структура. Развзиена е со анализа на голем број на податоци од лабораториски тестови спроведени во минатото. Методот на тој начин е подготвен за точни проценки на претходно непроверени хемикалии“, велат од истражувачкиот тим. Според нив, моментално на пазарот има повеќе од 100.000 хемикалии, но само за мал дел од нив детално е утврдена токсичноста по луѓето или по животната средина.
Иако и досега постојат ИТ алатки за пронаоѓање на токсичните хемикалии, нивната применливост и точност е многу ограничена. Во својата студија објавена во часописот Science Advances, AI методот кој го развиле го споредиле со три најкористени ИТ алатки. Резултатите покажале дека AI методот е попрецизен и поприменлив.