Претседателот на Собрание на Асоцијацијата на архитекти на Македонија – ААМ, Искра Јанковска – Михајловска ги информира и им се заблагодарува на членовите на ААМ кои на 23 април 2024 (вторник) гласаа за измените на Статутот.
Од ААМ известуваат дека на состанокот имало кворум и дека од 94 запишани членови со право на глас, гласале 50 члена и сите гласале „ЗА“, со што законски може да се направат измени во Статутот на ААМ и во иднина сите гласања да се спроведуваат електронски.
Кога процедурите во Централен регистар ќе бидат завршени, ќе се објават датумите за поднесување кандидатури за нов Управен Одбор на ААМ.