Норвешката компанија H2Carrier поднела барање за добивање дозволи за изградба на два ветерни паркови со голема можност, со цел така произведената електрична енергија да ја користи во првата пловечка постројка за добивање на водород и амонијак. Станува збор за проектот Power to X, кој ќе биде лоциран во Финмарк, најсеверниот и најисточен округ на Норвешка. Постројката ќе биде пловечка, а се проценува годишно производство на зелен водород од 109.000 тони, и 610.000 тони амонијак.
Компанијата соопштува дека бродот до производните погони ќе биде усидрен во близина на брегот, со што ќе се избегне „големо неповратно влијание врз животната средина“. Постројката P2XFloater, како што се истакнува на сајтот на компанијата, не бара закуп или купување на земјиште, резервоари за складирање, изградба на пристаништа или концесии за изградба и работа. P2XFloater е исто така флексибилен и во однос на своето позиционирање, бидејќи може да се лоцира онаму каде енергијата има најниска цена.
Зелениот водород се произведува од морската вода која се пречистува и се внесува во електролизерите. Потоа тој водород се комбинира со азотот кој се екстрахира од воздухот и се синтетизира во генератор за амонијак, со цел да се добие зелен амонијак.