Насловна / Екологија / „Гринпис“ прокоцка донации во милииони

„Гринпис“ прокоцка донации во милииони

Greenpeace
Протести против „Гаспром“, „Шел“ или „Валфанг“ – со децении организацијата за заштита на животната средина „Гринпис“ ги полни насловните страници ширум светот со своите смели акции. Формулата што стои зад тоа е – поголемото внимание значи поголеми донации. Но, насловните страници во медиумите од последнава недела воопшто нема да им се допаднат на активистите. „Гринпис“ сè прокоцка, пишуваат медиумите. Конкретно, станува збор за еден вработен во централата во Амстердам, кој сакал да шпекулира со паднатиот курс на еврото и притоа загубил 3,8 милиони евра. Вработениот постапил надвор од неговите овластувања, а според портпаролот на „Гринпис Германија“ Михаел Паули, „контролните механизми во Гринпис интернешнал не функционирале“.

Испрати коментар

Scroll To Top