Руската компанија „Росатом“ е заинтересирана да изгради нуклеарна централа во Хрватска, доколку Владата изрази подготвеност за тоа. Изградбата на централата со моќност од 1000 MW би чинела помеѓу 1,8 и 2,0 милијарди долари. Во централата би се инсталирале реактори од третата генерација AES-2006, кои предничат во однос на конкуренцијата по своите активни и пасивни сигурносни системи. Руската компаниja планира да освои 20% од светскиот пазар на нуклеарни централи во следните пет години, а во моментот гради 29 реактори на различни локации. Трите можни локации кои се спомнуваат за изградба на нуклеарна централа во Хрватска се: Сава кај Жупања, Драва кај Доњи Михољац и Дунав кај Даљ.