Насловна / Архитектура / Победник на конкурсот за Природно – научниот музеј и Паркот на пријателството во Белград

Победник на конкурсот за Природно – научниот музеј и Паркот на пријателството во Белград

Зграда чија фасада ги отсликуваат контурите на блискиот Музеј на современа уметност, панорамско тркало, богато озеленети пешачки патеки, пристаниште за чамци и поврзување со Големото воено острово се дел од концептот на првонаграденото решение на архитектонско – урбанистичкиот конкурс за подрачјето Паркот на пријателството и идната зграда на Природо-научниот музеј во овој дел од Белград.

Прва награда

Ова решение наградено со 2,5 милиони динари, го предложи познатото биро MITarch од Белград, односно академик проф. Бранислав Митровиќ, доцент д-р Ѓорѓе Алфиревиќ, Урош Мајсторовиќ, Душан Грујовиќ и Душан Меѓедовиќ со соработниците, се наведува на веб-страницата на Друштвото на архитекти на Белград (ДАБ), кое го спроведе конкурсот.

„Предложеното решение претставува симбиоза на отворен и затворен простор во рамки на единствен склоп. Промената на годишните времиња го менува делот од брегот кој е вклучен во структурата на музејот, па објектот асоцира и на жив организам кој ги прикажува диктатите на природата и цикличноста на временскиот тек. Природниот екосистем е произведен во музејски експонат“ – се наведува меѓу другото во образложението на концептот на првонаграденото решение.

Се додава дека поврзувањето на затворениот и отворен простор во една целина последователно создава центар на основни елементи – почва, вода и воздух кои ја прикажуваат основната структура на универзумот.

Рбетот на уредувањето е, како што се нагласува, пешачкиот правец југоисток – северозапад, кој е поврзан со новите објекти на паркот на Ушќе. На југоисточниот крај на трасата се пристапува до паркот од Бранковиот мост, по што со озеленета променада се доаѓа до Музејот на 21 век, а низ комплексот на Природно – научниот музеј трасата е акцентирана со панорамско тркало.

 

Музејскиот комплекс е поставен во северозападниот дел на конкурсната парцела и се протега линеарно долж брегот на Дунав, спроти Големото воено острово. Дел од брегот и придружната водена површина вклучени се во склоп на музејот, што го претставува неговиот отворен дел.

Движејќи се по опишаниот правец, посетителите се воведуваат во центарот на музејскиот комплекс, каде нивното движење е поделено на дел кој го следи работ на брегот и рута-мост кој се протега преку површината на водата.

Пристапот со возила до гаражата на комплексот е поставен зад заштитниот бедем на брегот, додека неговиот отворен дел – водната површина – е оставен на промената на годишните времиња. Затворениот дел од музејот е покриен со зелен кров, па визуелно се претопува во морфологијата на теренот, кој ќе биде целосно достапен за јавноста – се објаснува во образложението.

Основата на материјализацијата на просторот е, како што се истакнува, концептот на покривање на објектот со слој земја, што го прави склопот максимално енергетски ефикасен.

Втора награда

Втората награда во износ од 1,25 милиони динари доделена е на авторите Душан Стојановиќ и Павло Стаменовиќ со соработниците.

Трета награда

Третата награда во износ од 625.000 динари доделена е на бирото Дејан Миљковиќ архитекти д.о.о. (автори: архитект проф. Дејан Миљковиќ, Вида Недељковиќ, Лука Рајшиќ и Јелена Милинковиќ и соработници.

Два откупа

Жирито на чело со архитектот Иван Рашковиќ, се одлучило и за два еднаквовредни откупи од по 300.000 динари кои беа доделени на тимот составен од Наталија Мрдовиќ, Немања Чулиќ, Сара Димитријевиќ, Катарина Поповиќ и Михаило Миљаниќ.

Другиот откуп е доделен на студиото АКВС архитектура (автори Анѓела Карабашевиќ Суџум и Владислав Суџум со соработниците).

Пристигнале 18 решенија

На овој конкурс кој беше објавен во ноември минатата година пристигнале вкупно осумнаесет идејни решенија. Природно – научниот музеј го објави овој конкурс со цел оваа културна установа од национално значење да го реши деценискиот проблем со несоодветното сместување и за прв пат во својата вековна историја да добие наменски објект.

Во рамките на овој конкурс учесниците имаа две задачи. Првата беше урбанистичка, да понуди локации за Природно – научниот музеј и Музејот на уметноста на 21 век, аквариум и панорамско тркало на површина од 60 хектари, ограничена со Бранковиот мост, булеварот Никола Тесла, хотелот Југославија и шеталиштето покрај Дунав и Сава. Втората задача беше архитектонска – да се даде решение за новата зграда на Природно – научниот музеј.

Избраните трудови ќе бидат основа за изработка на урбанистички проект за просторот на Паркот на пријателството – Ушќе и проектна документација за изградба на Природно – научниот музеј. Идниот Природно – научен музеј ќе се простира на 15.000 метри квадратни, парцелата на која ќе се гради ќе има 4.800 метри квадратни, а објектот ќе може да биде висок максимум 20 метри, што е висина што одговара на Музејот на современа уметност.

Испрати коментар

Scroll To Top