Насловна / Вести / Кинески градови тонат поради масовната градба и црпењето вода

Кинески градови тонат поради масовната градба и црпењето вода

Речиси половина од големите кинески градови тонат поради црпење на вода и с епоголемата тежина на објектите во екот ан нивната експанзија. Некои градови тонат брзо, а еден од шест тоне за повеќе од 10mm годишно. Забрзаната урбанизација во Кина во изминатата деценија значи дека се црпи повеќе вода со цел да се задоволат потребите нa луѓето, тврдат научниците. Во крајбрежните градови спуштањето на тлото е закана за милиони луѓе поради поплави и порастот на нивото на морињата. Кина има долга историја во борбата со спуштањето на тлото, а Шангај и Тианџин покажале знаци дека тонат уште во дваесетите години на минатиот век. На пример, Шангај потонал повеќе од 3 метри во последните 100 години. 
Тим истражувачи од неколку кинески универзитети, анализирале 82 града од кои секој има популација поголема од 2 милиона луѓе. Притоа ги користеле податоците од сателитот Sentinel-1, со цел да го определат вертикалното движење на тлото ширум Кина. Гледајќи го периодот помеѓу 2015 и 2022 година, тимот утврдил дека повеќе од 45% од урбаните подрачја тонат за повеќе од 3mm годишно. Околу 16% од урбаното земјиште тоне повеќе од 100mm. На оваа појава влијаат повеќе фактори, вклучувајќи ја и геологијата и тежината на објектите. Но, сериозен фактор е загубата на подземната вода. Тоа во суштина значи дека се црпе вода под или во близината на градовите, за користење на локалната популација. Тоа е забележано во неколку урбани подрачја ширум светот, вклучувајќи ги и Хјустон, Мексико Сити и Делхи.

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top