Според новиот европски закон кој е веќе усвоен во нацрт фаза, ќе се воспостави јавна листа на сите контаминирани и потенцијално контаминирани земјишта, а загадувачите ќе мораат да платат за чистење на таквите локации.
Усвојувањето нa овој закон е фундаментален чекор напред во борбата против деградацијата на земјиштето во Европа, истакнува глобалното движење Save the Soil. Новиот закон ќе ги обврзе земјите на ЕУ прво да ја следат, а потоа да ја проценуваат состојбата на земјиштето ан својата територија. Европратениците предлагаат класификација на пет нивоа за проценка на здравјето на земјиштето (високо, добро, умерена еколошка состојба, деградирано и критично деградирано земјиште). Земјиштата со добар и восок еколошки статус би се сметале за здрави. Според проценките на Европската комисија, во ЕУ постојат околу 2,8 милиони потенцијално контаминирани локации.
Според законот, членките на ЕУ ќе мораат да ги истражат, проеценат и исчистат контаминираните локации со цел да се справат со неприфатливите ризици по здравјето и животната средина поради контаминацијата на земјиштето. Трошоците мора да ги платат загадувачите според принципот „загадувачот плаќа“. Сe проценува дека околу 60 до 70% од европското земјиште е во нездрава состојба, поради проблеми како што се: урбана експанзија, ниски стапки на рециклирање на земјиштето, интензивирање на земјоделството и климатските промени. Деградираните земјишта се главни двигатели на климатските и биодиверзитетските кризи и го намалуваат пружањето на клучните екосистемски услуги кои ја чинат ЕУ најмалку 50 милијарди евра годишно.