Насловна / Архитектура / „Езерце“ како култно место

„Езерце“ како култно место

izlozba ezerce vo muzej na grad skopje_21

Синоќа, во Музејот на град Скопје изложбено беа претставени архитектонско обликувани идеи за новиот изглед на ресторанот „Езерце“.
За идеjата на општина Центар повторно да заживее ова култно место, на анонимен конкурс биле поднесени 25 идејни решенија.
Жири-комисијата што ги рангираше идејните решенија беше во состав на Мирослав Грчев, Наташа Тодоровска Пренк, Дамјан Цингарски, Искра Ефремова и Владимир Петровски. Жирито работело и дискутирало во отсуство на професорот Грчев.

izlozba ezerce vo muzej na grad skopje_02
Конкурсните решенија понудија поинакви размислувања од оние што ни навираат кога ќе се спомене „Езерце“.
Ова покажува дека се буди пријатно чувство за убаво поминатото време и дека е речиси невозможно да се замисли местото без препознатливата градба.
„Езерце“ е култно место, собиралиште на македонската културна елита, скопските боеми и граѓаните, сите оние што ја градеа историјата на Езерце. Бројката од 25 архитектонски решенија го урна рекордот на заинтересираност кај архитектите и ја покажа жедта за чесен натпревар. izlozba ezerce vo muzej na grad skopje_19 izlozba ezerce vo muzej na grad skopje_18 izlozba ezerce vo muzej na grad skopje_17
– Најголемиот број пријавени се млади луѓе, кои понудија смели идеи. Се покажа желбата за нешто ново, но и за задржување на автентичниот изглед. Приказната за Езерце сега почнува, заедно со дискусијата како ќе изгледа новиот објект на ресторанот Езерце – рече градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски.
Според жирито, најиздржано е решението под шифра „Мезе“, на авторите Филип Конески, Борко Георгиев и Иво Ѓорѓиев.
Првонаграденото идејно решение „Мезе“ го обликува ресторанот во вид на школка.izlozba ezerce vo muzej na grad skopje_16 izlozba ezerce vo muzej na grad skopje_15
Станува збор за бетонска конструкција од три дела: основа на ресторанот, ротонда која е остаток од старата градба и тенда која се протега по целата должина. Намерата на младите архитекти е да го вклопат своето идејно решение во амбинетот за објектот лесно да се приспособи на околината, но и да воспостават конекција со градбите во близина, како што е стадионот, но, пред сè, сцената Школка која, исто како и ресторанот, претставува урбано функционално место.
„Конечно имаме достоинствена изложба и каталог за паметење на сите пристигнати трудови“, рече Филип Конески во име на првонаградените.izlozba ezerce vo muzej na grad skopje_14 izlozba ezerce vo muzej na grad skopje_13 izlozba ezerce vo muzej na grad skopje_12 izlozba ezerce vo muzej na grad skopje_11 izlozba ezerce vo muzej na grad skopje_10 izlozba ezerce vo muzej na grad skopje_09 izlozba ezerce vo muzej na grad skopje_08 izlozba ezerce vo muzej na grad skopje_07 izlozba ezerce vo muzej na grad skopje_06 izlozba ezerce vo muzej na grad skopje_05 izlozba ezerce vo muzej na grad skopje_04 izlozba ezerce vo muzej na grad skopje_03 izlozba ezerce vo muzej na grad skopje_01

Испрати коментар

Scroll To Top