Ова поткровје се наоѓа во главниот град на Велика Британија и секако не е класичен викторијански стан. Сместен во поранешна фабрика, ентериерот е уреден многу модерно, со темни бои, кои му даваат доза на софистицираност. Од материјалите што се користат се истакнуваат стаклото и железото, кои се убаво вклопени со дизајнерскиот мебел. Интересни детали во овој ентериер се дефинитивно стаклениот покрив и високите тавани што го прави станот исполнет со дневна светлина.