Насловна / Архитектура / Куќа од тула | Aрхитектонско студио Leth & Gori

Куќа од тула | Aрхитектонско студио Leth & Gori

Kуќа од тула (5)
Оваа несекојдневна куќа од тула претставува дел од развојниот проект наречен “Mini-CO2, инициран од филантропската фондација Realdania. Целта на проектот подразбира развој на економични самоодржливи објекти со мала емислија на CO2, вклучувајќи изградба на шест објекти со различен конструктивен пристап, сместени во Нибург, Данска.
Kуќа од тула (4) Kуќа од тула (11) Kуќа од тула (7) Kуќа од тула (8)
Дизајнот на куќата од тула се базира на визија за креирање на објект кој живее и диши. Оваа визија е реализирана така што ѕидната конструкција е изведена од единствен материјал, глина. Така, со примена на блокови од глина и тула дефинирана е цврста, хомогена и едноставна надворешна обвивка. Надворешните ѕидови се дифузно отворени, овозможувајќи му на објектот да диши, како и во случајот со старите традиционални објекти од тула кои се покажале како издржливи. Редуцираниот пристап при користењето на конструктивните материјали го намалува бројот на споеви помеѓу различните материјали, како и можноста за потенцијални конструктивни грешки. На тој начин примената на ѕидови од полна тула, во комбинација со дрвена материјализација на ентериерот, резултира со создавање на робустна и здрава средина за живеење, балансирана внатрешна температура и ниска емисија на CO2.
Kуќа од тула (17) Kуќа од тула (16) Kуќа од тула (15) Kуќа од тула (14) Kуќа од тула (12) Kуќа од тула (2) Kуќа од тула (13)

Испрати коментар

Scroll To Top