Насловна / Вести / „Инженерски прстен 2014“

„Инженерски прстен 2014“

inzenerski prsten 2014

Инженерската институција на Македонија и Комората на овластени архитекти и овластени инженери ја одржаа заедничката манифестација ИНЖЕНЕРСКИ ПРСТЕН, на која беа наградени најдобрите дипломирани инженери од инженерските факултети. Свеченето доделување на признанието ИНЖЕНЕРСКИ ПРСТЕН 2014 се одржа на платото пред Св. Климентовиот храм Св. Пантелејмон на Плаошник во Охрид, на 13 јуни 2014. ИНЖЕНЕРСКИОТ ПРСТЕН е во организација на Инженерската институција на Македонија, а под покровителство на Претседателот на Република на Македонија д-р Ѓорѓе Иванов.
Ова признание претставува поттик за изучување на инженерството и придонес за формирање на квалитетен инженерски подмладок, компатибилен со развиените земји. Прстенот претставува круна од дабови лисја на чиј врв се наоѓа знакот на Инженерската институција. Дабовите лисја се симбол на чест и достоинство во македонскиот културен круг од антиката до денес. Ѕвездата претставува симбол на знаење, кое во случајов е резултат на синергија на различни дисциплини.
Добитници на ова престижно признание за 2014 се дипломираните инженери:

Ристо Анастасов, Градежен факултет
Синиша Митаноски, Шумарски факултет
Благој Атанасовски, ФИНКИ
Марко Костоски, Факултет за дизајн и технологии на мебел и ентериер
Александра Сарафимова, Технолошко металуршки факултет
Елина Филева, Архитектонски факултет
Божанка Ристова, Факултет за земјоделски науки и храна
Катерина Смиљковиќ, Факултет за електротехника и информациски технологии
Огнен Тутески, Машински факултет
Јасмина Трпеска, Машински факултет
Ана Велева, Технички факултет – Битола
Сандра Ѓорѓиева, Факултет за природни и технички науки, Штип
Ана Љуботенска, Факултет за информатика при Универзитет „Гоце Делчев“, Штип

Испрати коментар

Scroll To Top