Насловна / Архитектура / Куќа лоцирана во Авеиро со прекрасен поглед на карактеристичниот залив

Куќа лоцирана во Авеиро со прекрасен поглед на карактеристичниот залив

Архитектот Руи Росманињо e авторот на едносемејната куќа лоцирана во Авеиро, со прекрасен поглед на карактеристичниот залив, кој се протега на брегот на Атлантикот во Португалија. Токму оваа близина до океанот влијае на изборот на надворешната морфологија на домот, барајќи да се почитуваат естетиката и традициите на областа.

1

7

8

Проектот е направен да ги задоволи потребите на едно семејство со модерен начин на живот, комбинирајќи го естетскиот момент во минималистички и современ манир. Проектиран да биде домаќин за посети и средиште за други активности, се предлагаат детали кои овозможуваат просторот да биде функционален, како и одредени облоги од тула и светло дрво, кои исто создаваат удобна и светла средина.

11

14

13

16

15

Објектот на Руи Росманињо е бетонска конструкција во комбинација со материјали како што се челикот и тулата, која во случајот на надворешната обвивка претставува современа верзија која ја трансмитира традицијата на регионот. Заедно, овие материјали обезбедуваат висока одржливост на зградата.

Домот е програмско јадро со фокус на деталите и финишот и надворешноста и внатрешноста, секогаш тежнеејќи да создаде удобни средини. Употребата на различни материјали помага да се генерира дистрибуција, обезбедувајќи динамика во домот и правејќи го секој простор уникатен.

19 18

Надворешните тули се современа верзија која има за цел да ги повтори вертикалниот повторлив растер на традиционалните „палхеироси“, карактеристични за оваа област. Експерименталната употреба на завршетоците е одраз на желбата на сопственикот, кој е бизнисмен во градежниот сектор.

17 21 20

23

22

26

Внатре, клиентот сакаше удобна, светла средина која емитира релаксирачка атмосфера. За таа цел, се применуваат бела и беж, светло и, пред сè, елементи од сурово дрво, издлабени од едно стебло. Завршетоците на одредени делови во ентериерот ја интегрира и повторува материјалноста што се користи на фасадатаа, мешајќи се со ентериерот и надополнувајќи го погледот што го врамуваат прозорците.

И кој рече дека керамиката не може да биде пријатна? Подовите и завршните работи се фундаментално направени од овој материјал.

28 29 30 31 32 33

Поради оваа причина, избрани се керамички завршетоци кои изгледаат како тапети, обезбедувајќи огромна удобност на околината. За тоалетите во приватниот дел е избрана целосно бела керамика, обработувајќи ги ѕидните површини со парчиња во различни форми и облици и со различна примена, обезбедувајќи динамика и уникатност на секој од нив и покрај фактот тоа што се многу слични по начинот на производство.

Одлична соработка помеѓу студијата за архитектура и внатрешен дизајн, која се материјализираше во величествено и мирно одморалиште за ова семејство.

Испрати коментар

Scroll To Top