Изложбата отворена во Институтот за архитектура на Еускади во соработка со архитектонскиот центар Arc en Rêve во Бордо до октомври оваа година, има за цел да покаже дека и покрај фактот што архитектурата е одмерена и прецизна, тотално спротивна на природата на дрвјата и двете отсекогаш биле тесно поврзани.
Изложбата се состои од 23 проекти собрани низ целиот свет и во различни периоди, составени од различни сегменти и формати во кои може да се најде сè, од цртежи од 18 век до скици направени од познатиот архитект Алваро Сиза, проекти од хотели во Шри Ланка, како и олимпискиот стадион во Јапонија.
Архитектонскиот институт на Еускади ја отвори својата прва изложба за 2024 година: „Арборетум. „Дрвјата како архитектура“. Изложба претставена за прв пат во 2021 година, во архитектонскиот центар Arc en Rêve во Бордо, со цел да се потврди архитектонскиот карактер на дрвјата како структура и да се истакне начинот на кој тие биле предмет на архитектонско реобмислување.
Иако прецизноста на материјалите, во најголем дел е во контраст со непредвидливоста на елементите на дрвото како што се гранките или корените, вистината е дека дрвјата заземаат важно место во историјата на архитектурата. Од една страна, тие со се векови се еден од главните градежни материјали, а од друга страна, тие се основните елементи во проектите за дизајн и урбан развој. Некогаш сочувани, понекогаш интегрирани во различни интервенции, дрвјата често се совпаѓаат со идеите за реализација на архитектите, урбанистите и ентериеристите.
Оригиналната изложба е прилагодена на просторите на Архитектонскиот институт на Еускади, како и проширена со локални примери за да се прилагоди на актуелните архитектонски, урбанистички и пејзажи на регионот. Вкупно може да се најдат 23 конкретни примери претставени во различни формати, како што се модели, гравури, цртежи, фотографии, книги и аудиовизуелни материјали.
Приватен арборетум
Арборетумот е збирка дрвја распоредени во градина, референца од која започнува изложбата. Конкретно, оваа обединува примери од целиот свет, кои доаѓаат од повеќе од 25 колекции. Меѓу изложените дела можете да најдете цртежи од колекцијата Drawing Matter во Лондон (1796-1959), од автори како Ле Корбизје, кои ја истражуваат улогата на цртежот во архитектонската мисла и практика. Исто така, скици направени од познатиот архитект Алваро Сиза, кој ги користел истите потези со молив за да ги претстави oбјектите и растенијата.
Плановите, сликите и моделите одразуваат многу други случаи каде дрвјата служеле како инспирација за проекти ширум светот. Меѓу нив, неизграден стадион за Олимписките игри во Јапонија во 2020 година, кој беше инспириран од идејата за тоа како засадените почви можат да се спротивстават на последиците од климатските промени во урбаните средини со задржување на дождовницата. Резиденцијалниот објект Даита 2019, во Јапонија, чиј волумен, базиран на скелиња и платформи меѓу кои растат дрвјата, е инспириран од чувството на просторност на куќа која, како дрво, е способна да се развива според потребите на своите станари.
Природната средина што ја градат дрвјата е исто така фундаментална за архитектите. На изложбата можете да го видите случајот на хотел во Шри Ланка, проектиран да се прилагоди на шумата каде што се наоѓа и на чиа кровна површина се засадени повеќе дрвја, поради што тотално се камуфлира и исчезнува од погледот. „Арборетумот“ го отсликува случајот со оазата Шарџа, во Обединетите Арапски Емирати, каде студиото OFFICE користи палми меѓу метални мрежи за да ги постави во центарот на градот и да изгради простор за социјализација и разладување.
Еден од локалните концепти, додаден на изложбата во оваа пригода е оној на дрвото како симболичен елемент, под чија сенка се воспостави и првиот политички простор. Како баскиска традиција и традиција на другите култури во северна Шпанија да се има на свети, духовни места или на простори со институционална компонента, а како пример се прикажани три признати баскиски дрвја.
Дополнителна поставка
Изложбата „Дрвјата како архитектура“ ќе биде отворена до октомври 2024 година, а за тоа време ќе се организираат различни активности кои ќе ги изнесат рефлексиите на изложбата надвор од нејзините простории. По тој повод, ќе има различни конференции поделени во три тематски блока. Првиот од нив, „Хези“, ќе се фокусира на ренатурализација на училишните простори, каде што ќе учествуваат авторите на различни проекти кои веќе се во тек во Еускади и други места.
Второ, „Бизи“, кој на дрвото му се обраќа како на живеалиште. Ќе се одржи во мај и ќе се фокусира на арборалното наследство на нашата територија, каде што јавноста ќе може да дознае повеќе за видовите што ги населуваат нашите градови, нивниот избор, грижата за нив. Конечно, блокот „Пентсату“ во септември, ќе донесе серија конференции за размислување за дрвото како модулор на типична росторна конфигурација.
Првиот ќе се одржи на 6 април, 18 мај, 8 јуни и 22 јуни. Во неделата на 24 јуни ќе се одржи и традиционалниот летен камп за момчиња и девојчиња. Дополнително, како новина, во јули за прв пат ќе бидат понудени серија работилници за возрасни. Архитектонскиот институт на Еускади нуди бесплатни тури за училишни групи од основно до гимназија каде, покрај изложбата, ќе можат да го видат и овој уникатен објект, во срцето на стариот град Доностија на падините на планината Ургул.