Тулата, како материјал со долга историја и длабоки корени во архитектурата, отсекогаш носела повеќе улоги и симболични значења.
Од антички градби до модерните урбани пејзажи, тулата не е само градежен елемент, туку и симбол на стабилност, издржливост и континуитет. Нејзината уникатна форма, боја и текстура придонесуваат за естетиката на зградите и просторите, додека нејзината функционалност обезбедува структурен интегритет и заштита.
Новата концептуална блиотеката во рурално подрачје на провинцијата Zhejiang во Кина е спирална школка проект на кинеското биро CCH Studio, прегрната со високи тревнати полиња.
Објектот се обидува да ја истражи можноста на фузија меѓу современ формален израз и вернакуларна материјална култура.
Концептуалната библиотека е приближно 10 метара во дијаметар и пет метара висока.
Континуираната површина ја прават два полукруга кои се движат еден кон друг, замаглувајќи ја внатрешноста и надворешноста.
Оклопот е направен од црвена тула, не со ѕидање, туку со лиење на лице место.
Сончевата светлина продира во темната внатрешност преку отвор на врвот. Библиотеката е смело современо засолниште за телото и умот. Посетителите можат да читаат текстот внатре во акрилните топчиња низ мали дупки на ѕидовите. Текстот се преклопува со пејзажот, создавајќи поетски момент за поврзување на телото, умот и природата.