Сместен во Северна Калифорнија, овој двособен станбен објект е изграден за семејство како викенд куќа и место за бегство од градскиот метеж.
Објектот се одликува со современа лесна структура, не наметнувајќи се на еколошки фрагилното опкружување и претставува композиција од четири волумени. Секој од нив е изведен од различни материјали, меѓусебно поврзани и испреплетени со цел да се креира визуелно и просторно комплексен екстериер и ентериер.
Комбинацијата на целосно транспарентно и профилирано стакло го рефлектира и прошарува осветлувањето во внатрешноста, креирајќи променлива игра на светло и темно во текот на денот.
Bravo za Andrea. Dobar izbor na proekti i arhitektonski analizi na istite.