Насловна / Архитектура / Собрание на ААМ на 11. април

Собрание на ААМ на 11. април

Според Статутот на ААМ истекува рокот на Управниот одбор на Асоцијацијата на архитекти на Македонија – ААМ.

За да се спроведат нови избори претседателот на Собрание на ААМ, Искра Јанковска Михајловска, свикува Собрание на членовите на ААМ на 11. април во 15.00 часот во просториите на Комората на овластени архитекти и овластени инженери на булевар „Партизански одреди“ бр. 29, Т.Ц. Буњаковец 2 кат, Скопје.

Дневен ред:

1. Извештај на претседателот на Управниот одбор на ААМ за работата на одборот и Извештај за финансиското работење во периодот од 10. 2020 – 02.2024 година,.

2. Разгледување и донесување на Одлука за распишување на избори за членови на Управен одбор и претседател на Собранието на ААМ.

3. Разгледување и донесување Одлука за спроведување на изборите по електронски пат (член на Комората ќе го објасни софтверот и неговата веродостојност како не би имало сомнежи за начинот на гласање)

4. Разно

На Собранието, како и во процесот на избор на ново раководство имаат право на учество само членови на ААМ кои платиле чланарина.

аам1

Испрати коментар

Scroll To Top