Насловна / Архитектура / Геометриска планинска куќа со сауна

Геометриска планинска куќа со сауна

Куќа со закосена геометриска форма, покриена со црн лим и дрво, изградена е да го следи стрмниот терен на кој е сместена. За релаксација и целосно уживање во планинското опкружување, до куќата има посебна сауна.

1

На стрмен планински терен, во близина на популарен канадски ски центар, се наоѓа модерна куќа од 290 квадратни метри распоредена на три ката, наречена Ambassador Crescent. Куќата е проектирана од студиото BattersbyHowat Architects од Ванкувер, за клиенти со кои претходно соработувале на други проекти.

3

Куќата е во форма на паралелограм, призма обложена со лим која се наведнува кон врвот на планината, претопувајќи се во околниот пејзаж. Обликувањето, покрај концептот за вклопување во околината, архитектите го објаснуваат како елегантен начин да се добие надкриен простор за задната тераса, заштитен со кос ѕид наместо настрешница.

5

Делумно вкопаното приземје е провлечено под масивот на горните катови и обложено со цементни плочи во боја на бетон, како контраст на црниот лим на фасадата на горните катови. Цилиндричниот оџак, како нагласена вертикала, го насочува погледот кон небото, пресекувајќи ја геометриската форма на куќата.

4

Со закосување на предниот и задниот ѕид добиени се прозорски ниши кои се обложени со црвено кедрово дрво. Покрај естетското доживување, обезбеден е и заклон од сонце и дожд.

2

Неправилните шевови од лимот и вертикалните насоки на поставување на дрвената облога дополнително си поиграле со чистите геометриски форми на куќата.

Функционално, куќата е поделена по катови. На средното ниво се сместени заедничките простории, дневна зона со отворен план, на приземје се помошни технички простории, а на кат спалните соби.

Во ентериерот, дрвото е доминантен материјал, кој се користи за обложување на ѕидови, тавани и подови, како и за парчиња мебел.

6

Во просторот се истакнуваат дрвените скали направени по мерка, кои се вклопуваат прецизно како сложувалка. Покрај тоа што се визуелен репер во ентериерот, тие функционално создаваат преграда помеѓу просторот за комуникација и за седење.

7

Внатрешноста е украсена со едноставни палети на светли бои кои создаваат топла и пријатна атмосфера, погодна за употреба во текот на целата година. За површините најчесто се користи бел даб, со додавање на чисти бели ѕидови и ѕидови обложени со сив камен.

Спроти куќата, како нејзина намалена реплика, скриена во шумата се наоѓа сауна, за целосно уживање во планинскиот амбиент.

10

Скриена меѓу дрвјата и свртена кон главната куќа, обезбедува отворен поглед, но и доволна приватност за корисниците.

Куќата Ambassador Crescent, според авторите, е современ одраз на народната архитектура на дрвени куќички, со подобрени форми и материјали, притоа задржувајќи чувство на носталгија.

11 12 9 8 0 01 02

Испрати коментар

Scroll To Top