Данските архитекти од студиото BIG добиле интересна техничка задача: во близина на седиштето на фабриката за часовници Audemars Piguet да дизајнираат проект за музеј.
За таа цел луѓето од BIG биле директно инспирирани од фасцинантниот внатрешен механизам на часовникот, од овој секојдневен предмет кој стана речиси национален симбол и гордост на Швајцарија.
Музејот, сместен во провинцијата Vallée de Joux, до половина ќе биде „потопен“ во земја за да се истакне стабилноста и издржливоста, кои се едни од главните карактеристики на брендот Audemars Piguet. Овој спирален и стаклен павилјон на музејот Maison des Fondateurs во себе ќе носи историски и старински модели и сето останато наследство на овој бренд, и сето ова ќе биде достапно за сите посетители.